Потрагата по нов тренер во Милан продолжува со полна сила. Шефовите на „росонерите“ ги интензивираа преговорите со Пауло Фонсека.
Гигантите од Милано бараат замена за Стефано Пиоли кој ќе си замине по претстојната сезона. Првата опција на Милан беше Антонио Конте, а потоа и Марк Ван Бомел. Неодамна шефовите на Милан го контактирале и Серхио Консеисао, но очигледно и тој отпаднал како опција.
Техничкиот директор Монкада лично преговара со Фонсека и сака што поскоро да потпише договор со тренерот.
Стручњакот има договор со Лил до крајот на сезоната, а сериозен интерес за него покажува и Олимпик Марсеј.