Германскиот тим Постам денеска и официјално го потврди трансферот на голманот на Вардар, Мартин Томовски.
Со овој трансфер Томовски се враќа во германскиот ракомет каде што претходно бранеше за Лудвигсхафен.
„Со нетрпение чекам да заиграм за Постдам во најсилната лига во светот. Сега доаѓам поискусен и подобар отколку што бев претходно кога играв во Германија. Задоволство е да се биде дел од тим како Постам со млади и квалитетни ракометари. Ветувам дека ќе дадам се од себе да ги оствариме амбициите на тимот“, изјави Томовски.