Починати.мк е прва дигитална заедница во Македонија посветена на оддавање на почит и зачувување на спомени на оние кои не се повеќе меѓу нас.
Доколку не купувате дневни весници или живеете во странство, може да се случи информацијата за смртта на вашиот роднина, пријател или познаник да не стигне на време до Вас.
Целта на починати.мк е да им се олесни на корисниците да објавуваат информации за смртта, изразување на сочувство, белешки за благодарност, последни поздрави и помени.
Важно е да се истакне дека објавите на Починати.мк можат да бидат креирани од самиот корисник на веб порталот со што се задржува оригиналноста на Вашата пораката.
Сајтот содржи неколку категории – жална вест, помен, последен поздрав. Исто така, овозможено е и пребарување на објавите по име и презиме, град или датум со што се олеснува пребарувањето и наоѓањето на веста која Ви е потребна.
Корисниците имаат опција објавите да ги споделуваат и на социјалните мрежи (Facebook, Viber, WhatsApp, LinkedIn итн.).
Со оваа платформа се создава инклузивна и поддржувачка заедница каде секој е добредојден и слободен во своето изразување.