Кошарка

На Гобер му се заканува нова суспензија

На Гобер му се заканува нова суспензија

Кошаркарот на Минесота тимбервулвс, Руди Гобер би можел повторно да биде казнет поради критики кон судиите.

Францускиот центар не беше задоволен од судиската одлука во четвртата четвртина, кога му беше досуден фаул над Џамал Мареј. Гобер со раце алудираше на пари, обвинувајќи ги арбитрите дека се „поткупени“.

Поради сличен гест на 8. март на мечот против Кливленд доби техничка, а потоа НБА го казни со 100.000 долари.

To top