Фудбал

Един Џеко се сели во Саудиска Арабија

Един Џеко се сели во Саудиска Арабија

Босанскиот фудбалер Един Џеко, летово се подготвува за нов трансфер, а како што најавуваат турските медиуми, тоа ќе биде последниот трансфер во неговата кариера.

Џеко во моментов има 38 години и е фудбалер на Фенербахче, но според медиумите од Турција, тој летово ќе се пресели во шампионот на Саудиска Арабија, Ал-Хилал, каде што би заработувал по 11 милиони евра годишно.

Договорот со Арапите би бил на плус една година, па оттаму се и тврдењата дека ова ќе биде неговиот последен трансфер.

To top