Стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ќе ја напушти тренерската должност по завршување на сезоната, објави денеска италијанскиот весник „Тутоспорт“.
Според истиот извор, финалето на Купот на Италија против Аталанта и преостанатите два натпревари од сезоната во Серија А против Болоња и Монца ќе бидат последните за Алегри на клупата на Јувентус.
Клубот од Торино забележа само две победи на последните 15 натпревари, но обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Договорот на Алегри истекува во 2028 година.
Алегри го предводи Јувентус од 2021 година, а седеше на клупата и во периодот од 2014 до 2019 година, и освои пет шампионски титули во Серија А, четири трофеи во Купот на Италија и два во италијанскиот Суперкуп.