Стартува првата трка од Светскиот Porsche Supercup кои се вози заедно со трките на Формула 1, овој викенд на патеката Имола (Италија).
Нашиот единствен претставник од целиот Балкан, Ристо Вуков, ќе ги брани боите на Македонија и ќе ја претставува нашата земја пред целата светска елита.Porsche Supercupot важи за еден од најконкурентните шампионати во светот и поради тоа веке 3 децении се вози со Европските трки на формула 1.
Овој викенд нашиот натпреварувач ќе вози како дел од Италијанскиот тим (Ombra Racing), заедно со неговото Porsche 992 GT3 Cup и ќе се бори против 25 еднакво конкурентни Поршиња. Трките ќе можете да ги погледнете во живо на некои од каналите на Sport Klub
-Сабота Квалификации : 11:20
Недела Трка – 11 :45.