Останати спортови

Одбојкарската репрезентација поразена од Романија

Одбојкарската репрезентација поразена од Романија

Македонската машка одбојкарска репрезентација загуби со 3-0 од Романија на натпреварот во Валчеа, во рамките на подготовките за Европската златна лига.

Противникот беше апсолутно подобар, а со исклучок на првиот сет во кој Македонија беше рамноправна (28-26), останатите два убедливо му припаднаа на домаќинот.

Најдобар во македонската репрезентација беше Филип Савовски со 14 поени, а покрај него двоцифрен ефект имаше само уште капитенот Никола Ѓорѓиев (10).

Гостувањето во Романија беше генерална проба за Европската златна лига чиј прв турнир ќе се одржи идниот викенд во Струмица, а противници на Македонија ќе бидат Естонија и Чешка.

To top