Фудбал

Фудбалерот на Наполи е замената за Мбапе во ПСЖ?

Фудбалерот на Наполи е замената за Мбапе во ПСЖ?

Францускиот спортски канал „РМЦ“ изнесе информација дека управата на ПСЖ сериозно размислува да го доведе во своите редови грузискиот репрезентативец, Квича Кварацкелија.

Ѕвездата на Наполи била посочена како директна замена за Килиан Мбапе, но сѐ уште не е познато дали италијанскиот клуб би се решил на продажба.

Кварацкелија има договор до 2027 година, но бара зголемување на платата, а претседателот Де Лаурентис е познат како „тврд орев“ во преговорите и ако ПСЖ испрати богата понуда, ништо чудно да го видиме Грузиецот следната сезона во Париз.

To top