Фудбал

Халанд: Јас сум на совршено место а го имам и Пеп

Халанд: Јас сум на совршено место а го имам и Пеп

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд е задоволен од начинот на кој се развива неговата кариера во Англија.

– Јас сум на совршено место: млад сум, го имам Пеп Гвардиола кој се грижи за мене. Добро ми оди, ми се допаѓа и среќен сум! Сакам повеќе. Мојата единствена цел е да ја освојам Премиер лигата и потоа ќе се фокусирам на освојување на ФА Купот. Сакам да освојувам повеќе големи трофеи бидејќи чувството да се освои тројната круна беше нереално. Навистина уживав, па би сакал да го направам тоа повторно, изјави Халанд, за „AS“.

Сезонава Норвежанецот одигра 53 натпревари на сите турнири. Напаѓачот има 52 гола и девет асистенции.

 

To top