На Европското првенство во Задар, Хрватска, македонската каратистка Михаела Мишовска се закити со сребро.
Во категоријата до 50 килограми нашата натпреварувачка загуби со резултат 8:0 против Хрватката Ема Сгардели.
Сгардели ја отвори финалната борба со брз поен, продолжи во ист ритам и стигна до водство, по што заврши и борбата.