Кошарка

Деневер одигра шампионски, победа и на Индијана (ВИДЕО)

Деневер одигра шампионски, победа и на Индијана (ВИДЕО)

Актуелниот НБА шампион, екипата на Денвер нагетс, одигра шампионски и со брејк во Минеаполис во третиот меч од конференциското полуфинале намали на 1-2. Минесота едноставно немаше шанси против разиграните Јокиќ и Мареј, и загуби со убедливи 90-117.

Никола Јокиќ со 24 поени, 14 скока и девет асистенции беше најдобар на паркетот, а 24 поени постигна и Мареј. Дури тројца кошаркари на Денвер мечот го завршија со 20+ поени, а веднаш позади Јокиќ и Мареј беше Портер со 21 поен.

Кошаркарите на Индијаната намалија на 2-1 во серијата против Њујорк, откако со пресврт во последниот период победија со 111-106 на домашен терен.

Најзаслужен за триумфот на Индијана беше Тајрис Халибартон со 35 поени и седум асистенции, а одлично одигра и Паскал Сијакам, кој мечот го заврши со 26 поени.

Во поразениот тим блескаше Донте Дивиченцо со 35 поени, додека Брансон, кој имаше проблеми со повреда на стапалото, мечот го заврши со 26 поени.

 

To top