Кошарка

Хауард со наградта „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец во Евролигата

Хауард со наградта „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец во Евролигата

Кошаркарот на Басконија, Маркус Хауард, е освојувач на трофејот „Алфонсо Форд“, кој се доделува на најдобриот стрелец во Евролигата.

Американецот просечно постигнуваше 19,5 поени и постави рекорд од 759 поени на вкупно 38 одиграни натпревари во регуларниот дел. Зад него останаа Мајк Џејмс од Монако (17.9 поени) и Вејд Болдвин од Макаби (17,4 поени).

25-годишниот Хауард неодамна доби и „зелено светло“ од ФИБА за промена на репрезентацијата и ќе настапи за селекцијата на Порторико на Олимписките игри во Париз.

To top