Кошаркарите на Пелистер победија со 85:79 во третиот меч од полуфиналната серија во плејофот на кошаркарското првенство на Македонија.
Со овој триумф битолчани стигнаа до предност од 2:1 во победи и сега им е потребна уште една победа за да бидат финалисти во борбата за шампионската титула. Следниот меч повторно се игра во Битола, што значи дека Пелистер ќе има меч-топка на свој терен.
Магдевски и Мијовиќ со по 18 поени беа најефикасни во таборот на Пелистер, по 12 постигнаа Маслинко, Најт и Планиниќ, додека најдобри кај Работнички во вечерашниот пораз беа Рикиќ со 22 и Трајс со 20 поени.
Следниот натпревар меѓу Пелистер и Работнички повторно ќе се игра во Битола, на почетокот од следната едмица.