Џигер со кромид лесно се прави и за малку пари ќе добиете многу зачинето, гурманско јадење.
Потребни состојки:
1 кг исечен говедски џигер
130 мл млеко
60 гр путер
2 големи кромида
250 гр повеќенаменско брашно
сол
бибер
магдонос
Подготовка:
Внимателно исплакнете ги парчињата џигер под ладна вода и исушете ги со убрус. Ставете ги во плиток сад и покријте ги со млеко, колку да се покрие месото. Оставете да отстои додека го подготвувате кромидот. Потопувањето во млеко ја отстранува горчината.
Растопете 2 лажици путер во голема тава на средна топлина. Додадете ги исечените прстени кромид, пржете и мешајте додека не омекне, околу 3 до 5 минути. Префрлете го кромидот во сад и оставете ја тавата на страна.
Ставете го брашното на чинија, зачинете со сол и бибер. Исцедете го млекото од парчињата џигер, а потоа валкајте ги парчињата во смесата со брашно.
Во истата тава растопете ги преостанатите 2 лажици путер; зголемете ја топлината на средновисока и испржете ги парчињата џигер до златно кафена боја, околу 3 до 4 минути од секоја страна. Вратете го кромидот во тавче и намалете ја топлината на средна; продолжете да пржите додека внатрешноста на џигерот не стане малку розова, или подолго по ваш вкус.
За послужување украсете со сечкан магдонос.