Свет

УНРВА ја затвори својата канцеларија во Источен Ерусалим

Шефот на УНРВА, Филип Лазарини, изјави дека иако нема жртви меѓу персоналот, пожарот предизвикал „голема штета на отворен простор“, пишува Тајмс оф Израел.

УНРВА ја затвори својата канцеларија во Источен Ерусалим

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека привремено го затвора своето седиште во источен Ерусалим откако „израелските екстремисти“ го запалија периметарот по неколкунеделните протести и напади.

Шефот на УНРВА, Филип Лазарини, изјави дека иако нема жртви меѓу персоналот, пожарот предизвикал „голема штета на отворен простор“, пишува Тајмс оф Израел.

„Нашиот директор, со помош на својот персонал, мораше сам да го гасне пожарот, бидејќи беше потребно извесно време за да се појават израелските пожарникари и полицијата“, напиша тој на платформата Х.

Лазарини објави и видео-снимка, за која тврди дека е преземена од израелските медиуми, а на неа се слуша толпа која извикува „Запалете ги ОН“ на хебрејски.

Нарекувајќи го пожарот „невиден развој на настаните“, Лазарини нагласи дека донел одлука да го затвори комплексот на УНРВА додека не се обезбедат подобри безбедносни услови.

„Ги повикувам сите кои имаат влијание да стават крај на овие напади и да ги повикаат на одговорност сите напаѓачи. Сторителите мора да бидат истражени, а виновниците да одговараат“, рече Лазарини.

Тој предупреди дека доколку не се преземат соодветни мерки ќе се постави опасен стандард.

Најнови вести од Свет

To top