Александар Љафтов ќе ја пропушти Европската златна лига и ќе се приклучи на подготовките за августовските квалификации за Европското првенство во 2026 година.Потсетување дека првите натпревари од Европската златна лига нашата репрезентација ќе ги има во Струмица на 17 мај против Естонија и два дена подоцна кога противник ќе биде Чешка.
– За мене ова е еден нов почеток, една нова генерација која треба да го помине патот што го помина минатата генерација. Искрено возбуден сум што ќе бидам капитен на овие млади играчи и се надевам дека ќе успееме да им го вградиме тој македонски, победнички дух, и дека ќе го продолжиме патот кон ново Европско првенство. Се собравме минатата недела, работиме добро, почнавме во жесток ритам, искрено изненаден сум од квалитетот на одреден играчи кои ја поминале оваа година, навистина напредуваа.
Исто така пред нас е и Европската златна лига за која не можам да дадам сметки како и што може да се случува, сакам да видам прво како ќе изгледаат пријателските натпревари против Романија, а после и како ќе одиграме во Струмица во првите мечеви пред полна сала, да видиме како ќе реагираме. Оптимист сум, сигурно ќе се бориме за победа, но она главното доаѓа крајот на летото, односно дуелите против Грузија и Грција на 17 и 25 август во квалификациите за ЕП 2026. За мене како и секогаш клучно ќе биде да бидеме здрави, да работиме напорно, да се бориме, да изградиме заедничка атмосфера која нè красеше минатите години и мислам дека можеме да се надеваме на едно убаво и успешно лето – вели еден од најдобрите и најискусните во националниот тим, Никола Ѓоргиев.
Квалификации за Европско првенство 2026
17/18.08.2024 Грузија – МАКЕДОНИЈА
24/25.08.2024 МАКЕДОНИЈА – Грција