Ракомет

Арпад Штербик излезе од болница, го очекува долг процес на закрепнување

Арпад Штербик излезе од болница, го очекува долг процес на закрепнување

Унгарскиот великан Веспрем објави нова информација околу здравствената состојба на легендарниот Арпад Штербик кој доживеа срцев удар пред неколку дена.

Оваа вест беше соопштена пред реваншот со Алборг во Лигата на шампионите, вест која дефинитивно ги шокираше сите ракометни фанови.

Тој во изминатиов период беше во болница каде имаше и успешна операција, односно постојано беше под медицински надзор. Сега е пуштен од болница и го очекуваше долг процес на закрепкување, многу мирување и долг одмор без стрес.

Останува да се види кога и дали популарниот Арпи ќе може да им се врати на активностите како тренер на голманите на Веспрем.

To top