Австралискиот тенисер и поранешниот освојувач на УС Опен, 30-годишниот Доминик Тим, најави дека по завршувањето на оваа сезона ќе стави крај на кариерата.
Тим во последните сезони се мачи со повреди, но и со враќање во формата, па одлучи дека завршувањето на кариерата во моментов е најдобрата одлука.
Споменатиот тенисер во периодот од 2016 до 2020 година ги имаше најубавите моменти. Играше четири финалиња на Грен слем турнирите. Изгуби во финалето на Ролан Гарос во 2018 и 2019, загуби во финалето на Австралија Опен во 2020 година, а го освои УС Опен во 2020 година.