Најдобар дебитант во НБА е Виктор Вембанјама, тоа беше едногласна и сосема очекувана одлука при гласањето.
Вембанјама го доби трофејот „Вилт Чејмбрлејн“, со што стана првиот француски кошаркар со оваа награда.
Популарниот Вемби ги предводеше сите дебитанти во просечни поени (21,4) и скокови (10,6), а со 3,6 блокади по натпревар беше најдобар од сите играчи во НБА.
Сјајниот центар на Сан Антонио Спарс е првиот кошаркар по Карл-Ентони Таунс во сезоната 2015/2016 кој е едногласно избран за дебитант на годината.