Македонија Колумна

Васев: До кога ќе не купуваат со нашите пари?! Време е за промени, за Македонија повторно твоја!

Иако сметаат дека со притисоци ќе намалат разлика, гадно се зезнале, и бројките велат дека разликата во корист на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува, и таа ќе го помине прагот од 200.000.

Васев: До кога ќе не купуваат со нашите пари?! Време е за промени, за Македонија повторно твоја!

Колумна на Светислав Васев: 

Писмото на Фатмир Битиќи за барање гласови испратено до компаниите кои добиле државна помош е скандал сам по себе, по кое истиот требаше да се повлече од политика. Не само што немаше одговорност, туку не слушнавме ниту извинување. Битиќи како да извадил пари од џеб, им кажува на компаниите на кои тој согласно закон морал да им даде помош, дека треба да го дадат нивниот глас за него, за тој да биде избран и пак да им даде помош, КОЈА ПАТЕМ ГИ СЛЕДУВА СОГЛАСНО ЗАКОН, И КОЈА СЕ ИСПЛАЌА ОД БУЏЕТСКИ ПАРИ, КОЈ ГО ПОЛНИМЕ СИТЕ НИЕ.

Ова однесување на Битиќи не само што е злоупотреба на службената положба и овластување, туку е и директна закана до компаниите, акт кој не смее да остане несанкциониран.

За ова одмолче и Сања Лукаревска, сметководителот на мафијата, која се уште е директор на УЈП, и која мораше да го повика Битиќи на одговорност. Немаше ниту тоа, затоа што и таа применува исти методи, затоа што немаат друг начин освен притисок.

Иако сметаат дека со притисоци ќе намалат разлика, гадно се зезнале, и бројките велат дека разликата во корист на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува, и таа ќе го помине прагот од 200.000.

Можеби тие ќе се запрашаат зошто. Одговорот е едноставен, на народот му е преку глава 100тина функционери од СДС и ДУИ да се расфрлаат со неговите пари, да крадат и местат тендери, да се обидуваат да купуваат гласови со истите тие пари, или прават некаков притисок врз судството. Тој криминален ланец се кине сега и тука, и веќе никогаш нема да ја тероризира Македонија.

Време е за промени, за Македонија повторно да биде твоја, моја, наша, на секој еден кој живее во оваа држава, а не на 100тина луѓе кои узурпираа позиции и мислат дека ќе купат нови 4 години со нашите пари.

To top