Свет УНРВА

Израелската воена операција на преминот Рафа ја загрозува испораката на помошта за Газа

„Континуираното нарушување на снабдувањето со помош и гориво на преминот Рафа ќе го запре суштинскиот хуманитарен одговор ширум Појасот Газа“, соопшти УНРВА на платформата X.

Израелската воена операција на преминот Рафа ја загрозува испораката на помошта за Газа

Агенцијата на ОН за помош и работа со палестинските бегалци (УНРВА) денеска предупреди дека напорите за испорака на хуманитарна помош во Газа може да бидат попречени бидејќи израелските војници утрово ја презедоа контролата врз палестинската страна на граничниот премин Рафа кон Египет.

„Континуираното нарушување на снабдувањето со помош и гориво на преминот Рафа ќе го запре суштинскиот хуманитарен одговор ширум Појасот Газа“, соопшти УНРВА на платформата X.

Во соопштението се додава дека „катастрофалниот глад со кој се соочуваат луѓето, особено во северниот дел на Газа, ќе се влоши доколку се нарушат тие патишта за снабдување“.

Израелската армија потврди дека ја презела контролата врз палестинската страна на преминот Рафа, меѓу Газа и Египет, кој е клучна влезна точка за хуманитарна помош за опколената енклава.

Палестински функционер кажа дека целото движење таму престанало кога израелските тенкови го презеле преминот.

Си-Ен-Ен апелираше до израелската војска да ги соопшти плановите за обезбедување испорака на помошта за Газа.

Извор близок до плановите на Израел изјави за Си-Ен-Ен дека израелската операција во Рафа ќе биде „многу ограничена“ и има за цел да го одржи воениот притисок врз Хамас да се согласи на договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Истиот извор наведе дека операцијата не е голем упад во Рафа што Израел јавно го соопштува со месеци.

Пред почетокот на оваа последна израелска операција, Хамас синоќа соопшти дека се согласил на договор за прекин на огнот, а Израел оцени дека во тој документ не се исполнети нивните основни барања во преговорите.

Најнови вести од Свет

To top