Борусија Дортмунд го доби првиот меч со 1-0, па ПСЖ нема друга опција освен победа.
„Улогата на навивачите утре ќе биде од клучно значење како што е во текот на целата сезона, не се сомневам дека фановите ќе бидат зад нас. Во Дортмунд атмосферата беше неверојатна, очекувам утре да биде исто на Паркот на принцовите и на крајот сите заедно да славиме“, вели Луис Енрике на прес-конференција во пресрет на мечот
„On va a gagner“ е единствената фраза на француски што ја знам, што значи ќе победиме. Тренерот е лидер и тој е оној кој мора да генерира самодоверба во неговите фудбалери. Јас работам секој ден за да го постигнам тоа. Идејата е да играме исто како и на првиот меч, нема да го смениме нашиот менталитет воопшто“.
„Целта е да се пласираме во финале и за да го направиме тоа треба да бидеме подобри од одличен тим каков што е Дортмунд. Секогаш има простор за напредок, работевме на тоа“.