Македонија Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ:

Поради немање като систем на онкологија лек кој чини 350 евра, клиниката заради рачно спремање на истиот лек прави загуба од 38.000 евра на секои 110 ампули

Ова води кон тоа дека некој и понатаму овозможува манипулација со залихата на лекови на оваа Клиника, потенцираа во објавата од Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.

Поради немање като систем на онкологија лек кој чини 350 евра, клиниката заради рачно спремање на истиот лек прави загуба од 38.000 евра на секои 110 ампули

ПОРАДИ НЕМАЊЕ КАТО СИСТЕМ НА ОНКОЛОГИЈА ЛЕК КОЈ ЧИНИ 350 ЕВРА, КЛИНИКАТА ЗАРАДИ РАЧНО СПРЕМАЊЕ НА ИСТИОТ ЛЕК ПРАВИ ЗАГУБА ОД 38 ИЛЈАДИ ЕВРА НА СЕКОИ 110 АМПУЛИ. Автоматската подготовка на лековите со тн. КАТО систем овозможува да се спречат загуби при дозирање на лековите, објавија на фејсбук Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.

Тие во објавата потенцираат на следново:

-Денес постапката за набавка на като систем за Онкологија Министерството за здравство не ја завршува иако истата беше поништена од Биро за јавни набавки на ден 25.03.2024
-Неактивноста на овој систем води до тоа да Клиниката губи пари, а пациентите се прашуваат дали добиваат соодветно лекување
-Дополнително се поставува прашањето колкави се финансиските загуби на Клиниката поради рачното спремање на терапијата за онколошките пациенти
-Има ли доволно медицински персонал, знаејќи дека ветувањето за нови вработувања на Онкологија не е завршено

-Колку за илустрација:
1. Лек кој чини 350 евра за една вијала, загубата на Клиниката заради рачното спремање изнесува 38.041 евра на секои 110 вијали
2. Лек кој чини 560 евра за една вијала, загубата на Клиниката заради рачното спремање изнесува 73.360 евра вијали
Наместо до сега да го ставевте во функција КАТО системот, вие и понатаму овозможувате манипулација со залихата на лекови на оваа клиника.
Ова води кон тоа дека некој и понатаму овозможува манипулација со залихата на лекови на оваа Клиника, потенцираа во објавата од Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top