Македонскиот ракометен репрезентативец и голгетер Филип Кузмановски (27 г.) се врати и повторно ќе настапува во матичниот клуб РК Еурофарм Пелистер.
Управата на клубот соопшти дека со доаѓањето на Кузмановски во клубот продолжува процесот на обединување на македонските репрезентативци и квалитетни засилувања кои ќе настапуваат во Битола.
Како што е познато, Филип Кузмановски својата ракометна кариера ја почна во Пелистер, продолжи во Металург, настапуваше за Еурофарм Работник, а во Германија го носеше дресот на Магдебург, Хановер и Вецлар.
Првиот настап во РК Еурофарм Пелистер, Кузмановски ќе го има на 20 ноември.