Кошарка

Димитријевиќ доби место во идеалната петорка од четвртфиналето во ВТБ лигата

Димитријевиќ доби место во идеалната петорка од четвртфиналето во ВТБ лигата

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ откако беше избран за МВП во регуларниот дел од сезоната, доби и место во идеалниот тим во четвртфиналето. Уникс во четвртфиналето ја елиминираше Самара, а Димитријевиќ повторно беше еден од најважните во тимот и најдобар поентер во серијата.

Покрај Димитријевиќ во идеалната петорка се уште: Морис Ндур (Локомотив Кубан), Амат Мбаи (ЦСКА), Луис Лабери (Уникс) и Винс Хантер (Зенит).

Во полуфиналето Уникс ќе се соочи со Локомотив Кубан.

To top