Македонија МАТТО

„Осигурителната индустрија заслужува објективна и непристрасна одлука“

Од МАТТО апелираат за објективна и непристрасна анализа на изнесените аспекти поврзани конкретно со тарифата за автоодговорност, која нема претрпено промени 15 години, а не носење на еднострана одлука.

„Осигурителната индустрија заслужува објективна и непристрасна одлука“

Стопанската комора на Македонија -Турција (МАТТО) застанува во поддршка на осигурителните компании, дел од кои нивни членки и значајни странски инвестиции во државата и изразува загриженост, за како што посочуваат, избрзаната одлука со која се лимитира делот за вршење на дејноста, односно трошоците и се воспоставува стопроцентна државна контрола над цените за автоодговорност.

Од МАТТО апелираат за објективна и непристрасна анализа на изнесените аспекти поврзани конкретно со тарифата за автоодговорност, која нема претрпено промени 15 години, а не носење на еднострана одлука.

-Повикуваме да се земат предвид сите аспекти од работата на осигурителниот бизнис, вклучително анализа поврзана со одржливост во делот на вршење на дејноста, досегашната инфлација како и проекција на инфлаторното влијание во наредните години како клучни аспекти за бизнис со долгорочни обврски од овој вид. Како стопанска комора, се залагаме цените да ги дефинираат пазарните услови, а не државата. Затоа сметаме дека анализите треба да бидат непристрасни, реални и професионални. Регулаторот треба да работи во насока на зацврстување на осигурителната индустрија и заштита на осигурениците преку креирање солидно ниво на солвентност и ликвидност кое секако доаѓа само преку профитабилно работење, се посочува во соопштението на Стопанската комора на Македонија-Турција.

Целта на оваа стопанска гранка, потенцираат од МАТТО, е да биде стабилна, одговорна, профитабилна и со тоа да помага во зголемување на стандардот, сигурноста и напредокот на економијата. Во спротивно, како што посочуваат, се создаваат услови за нестабилност во финансискиот сектор што би се одразило негативно врз целата економија. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top