– Сојузниците на НАТО се длабоко загрижени за неодамнешните злонамерни активности на сојузничката територија, вклучително и оние што резултираа со истрага и обвинение против повеќе поединци во врска со непријателските државни активности против Чешка, Естонија, Германија, Летонија, Литванија, Полска и Обединетото Кралство, се наведува во изјавата.
НАК нагласува дека овие инциденти се дел од интензивираната кампања на активности што Русија продолжува да ги спроведува низ евроатлантската област, вклучително и на територијата на Алијансата, што вклучува ширење лажни вести, саботажи, акти на насилство, кибер и електронско мешање, спроведување кампањи на дезинформации и други форми на хибридни закани.
– Ги поддржуваме и изразуваме солидарноста со погодените сојузници. Ќе дејствуваме индивидуално и колективно за да се справиме со овие акции и ќе продолжиме тесно да се координираме, потенцира Советот.
Во изјавата натаму се посочува дека НАТО ќе продолжи да ја зајакнува својата отпорност и да ги применува и унапредува инструментите што му се на располагање за да се спротивстави на руските хибридни акции и ќе се погрижи Алијансата во целина и земјите членки да бидат подготвени да се бранат и да ги одвратат овие хибридни активности или напади.
– Го осудуваме ваквото руско однесување и ја повикуваме Русија да ги исполни своите меѓународни обврски, како што ги прават НАТО сојузници, се додава во изјавата на Северноатлантскиот совет.