На 01.05.2024 во 20:40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на локалниот пат Кочани – брана Гратче, кај место викано ,,Гоцева шума“, мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од В.П.(56) од Кочани, излетал надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.П., констатирани во Општа болница Кочани.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.