Политичката партија Десна на својот официјален Фејсбук профил, објави писмо од својот поранешен лидер Љупчо Палевски, кој се уште чека екстрадиција во земјава и судска постапка, како првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Според објавеното, писмото е упатено до министерот за правда Кренар Лога, пишувано лично од Палчо, на ден 29.04.2024 година, а на 30.04.2024 година во 17.00 часот му било испратено преку службениот мејл на адреса „[email protected]“.
Во писмото стои дека Палчо барал брза екстрадиција во земјава, но дека Лога не презел мерки.
-Министер не сте направиле ништо за да бидам изведен пред органите на прогонот (ОЈО) за да можам активно да се брана. Тоа е моето неприкосновено право, произлезено од Закон, стои меѓу другото во наводното писмо на Палевски.