Семејството Живојиновиќ е познато по тоа што сака слободното време да го поминува со семејството.
Најголемата балканска фолк ѕвезда Лепа Брена во екот на својата регионална турнеја ќе паузира пред претстојните празници. Како што истакнува, Денот на трудот особено сака да го поминува со семејството, што тоа и ќе го направи.
Таа наведува дека тогаш во нивниот дом ечи музика и се прави скара.
– Со Боба на први мај многупати сме организирале вистинска забава за нашите деца. Кај нас доаѓаа пријатели со нивните деца и ќе направевме вистинска забава. За скарата секогаш беа задолжени Боба, Филип, Стефан и Виктор, а јас и моите пријателки за колачи и кифлички со сирење и џем. Организиравме и разни натпревари во пинг-понг – започна таа.
– Музиката ечеше, и таа музика која нашите деца ја сакаат најмногу затоа што моравме да се прилагодиме на нивниот вкус. Слушавме сè, од техно музика преку рокенрол до поп. Секако, имаше и фолк музика која сите ја сакаме – продолжува Брена.
– Со моите родители, братот и сестрата одев на природа или во фазанеријата, која беше во близина на Брчко, каде што сум родена и пораснав. Задолжително се вртеше јагнето, а постарите пиеја ладно пиво. Момчињата играа фудбал, а ние девојките беревме бели цвеќиња, правевме венци од нив и ги стававме околу главите. Тоа беше време на апсолутна среќа и радост – се потсетува фолк ѕвездата, пишува Информер.