Македонија

Лозановска: Над 180.000 гласови разлика во првиот круг покажува дека СДС и ДУИ треба да одат во опозиција

Лозановска: Над 180.000 гласови разлика во првиот круг покажува дека СДС и ДУИ треба да одат во опозиција

Првиот круг на претседателските избори заврши со над 180 илјади гласови разлика помеѓу Силјановска Давкова и Пендаровски. Разликата е поголема од бројот на гласови кои ги освои Стево Пендаровски. Работата сеуште не е завршена, потребно е на 8-ми мај граѓаните да го кажат последниот збор. Јас се надевам дека овој тренд ќе продолжи и понатаму, затоа што Република Македонија се наоѓа на еден крстопат, од едната страна е изборот „како до сега“ кога граѓаните се осиромашуваат, понижени и потценети и другата алтернатива е да се даде лидерство на луѓе компетентни со свој став што ќе знаат како да ја позиционираат Република Македонија, кои нудат можност да изградиме современа држава која ќе се базира на етички и морални европски вредности, изјави Олга Лозановска, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, а во изборната единица 5 во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Според Лозановска граѓаните во првиот круг јасно кажаа дека им е доста од криминалот, корупцијата и скандалите на оваа власт на ДУИ и СДС и дополни дека ВМРО-ДПМНЕ подаде рака кон сите оние кои ги делат нивните принципи и ја поддржуваат „Платформата 1198“ и на тој начин ДУИ и СДС да завршат во опозиција после сите штети што и ги направија на Македонија

Ако ги анализираме податоците од релевантни европски институции како се движи државата и во која насока, ние можеме да видиме дека најниската оценка од европската комисија ја имаме добиено во последните три години, 1,5. Според Фридом хаус Република Македонија има уназадување во борбата против корупцијата и криминалот, имаме непотизам, еродирано здравство, еродирано образование, значи нема сегмент во општеството каде нешто функционира, заклучи Лозановска.

Најнови вести од Македонија

To top