Свет

Зеленски уште еднаш ги повика сојузниците да ја забрзаат испораката на оружје за Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска уште еднаш ги повика сојузниците да ја забрзаат испораката на оружје за Киев, нагласувајќи дека ситуацијата на фронтот зависи од брзината на снабдување со муниција.

Зеленски уште еднаш ги повика сојузниците да ја забрзаат испораката на оружје за Украина

„Навремено поддржете ја нашата армија. Сè уште не гледам ништо позитивно. Залихи има, полека пристигнуваат, но процесот треба да се забрза“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Киев.

Тој, исто така, ја истакна потребата од залихи на софистицирани системи за лансирање на противвоздушна одбрана „Патриот“, што Киев сака да ги добие од своите сојузници за да се спротивстави на руските ракети со долг дострел и беспилотни летала. Тој рече дека Киев постигнал одреден напредок во набавката на ракети за системот „Патриот“, но дека лансерите кои ги испалуваат ракетите се уште ги нема. Минатата недела, САД одобрија пакет помош од 61 милијарда долари за Украина.

Претседателот на Украина истакна дека војниците се повлекле од три села на истокот на земјата, каде е во тек руската офанзива.

Најнови вести од Свет

To top