Работнички се одлучи за нов тренер да го назначи Гоце Седлоски. Тој денеска и официјално е промовиран во нов предводник на романтичарите.
Последен клуб на Седлоски беше албанскиот прволигаш Влазнија, а надвор од Македонија работеше и во Рига, Широки Бријег и вториот тим на Димано Загреб. Во домашното првенство беше тренер на Турново, Вардар и Шкупи.