Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Ријад како дел од посетата на регионот.
Блинкен од денеска до среда ќе ги посети Саудиска Арабија, Јордан и Израел, соопшти Стејт департментот.
Како што е наведено, на средбите ќе се разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што ќе обезбеди ослободување на заложниците.
Се додава дека ќе разговараат и за зголемување на хуманитарната помош испорачана во Газа.
„Секретарот, исто така, ќе ја нагласи важноста од спречување на ширење на конфликтот и ќе разговара за тековните напори за постигнување траен мир и безбедност во регионот“, соопшти Стејт департментот. (МИА)