Кенискиот атлетичар Гилберт Киплетинг Чумба е победник на 37. издание на Белградскиот атлетски маратон. Гилберт Киплетинг Чумба ја помина маратонската патека за 2 часа, 11 минути и 48 секунди и со тоа ја потврди одличната форма.
Второто место му припадна на неговиот сонародник Чериот Гилберт Муге, кој истрча време од два часа, 12 минути и 20 секунди, а третопласиран беше Емануел Кипкогеи, исто така од Кенија. Исто така и кај дамите се потврди доминацијата на атлетичарите од Кенија.
Најдобра беше Ема Ндива, а зад неа беше сонародничката Виталина Киби. Единствената атлетичарка на подиумот која не доаѓа од Кенија беше уште една атлетиќарка од Африка, Тигист Бедада од Етиопија, која заврши на третата позиција.