Кошаркарите на Пелистер со убедлива победа од 63-86 над Работнички на гостински терен го отворија полуфиналето од плејофот и веќе имаат водство од 1-0 во серијата за пласман во финалето на машкиот кошаркарски шампионат.
Победникот на мечот се насетуваше уште на самиот старт, бидејќи Пелистер уште од првата минута имаше водство, кое не го испушти се до крајот на мечот.
Домашните за 20 минути постигнаа само 28 поени, 12 во третата и 16 во четвртата четвртина, додека Пелистер безмилосно го полнеше нивниот кош. Серијата продолжува во среда, повторно со дуел во Скопје.