Ракометарите на Алкалоид ќе се судрат со Силкеборг во меч од третата рунда на Европската лига на ЕХФ. Во првите две рунди скопскиот тим загуби од Војводина дома и ремизира со Ла Риоха во Шпанија, а сега го чека нов голем предизвик.
Во пресрет на натпреварот, своето очекување преку кратка изјава го изнесе Марко Митев, кој кажа:
„Ракометот е повеќе од игра, ракометот е начин на живот во Македонија. Со нетрпение го очекуваме новиот европски предизвик и ја повикуваме публиката да дојде во сала за да ни даде поддршка“.
Покрај Митев, краток коментар за натпреварот кој следи даде и Едвин Омерагиќ кој вети многу борба.
„Имаме голема желба за победа. Ќе оставиме срце на терен и ветуваме борба во текот на сите шеесет минути“, изјави Омерагиќ.
Вицепрвакот на Македонија ќе го дочека Силкеборг во СЦ „Јане Сандански“ денес во терминот од 18:45 часот.