Фудбал Новиот „крал“ не доаѓа

Белингем е повреден ќе го пропушти натпреварот во Скопје

Англискиот селектор, Герет Саутгејт се соочува со откази, во пресрет на последните два натпревари во квалификациите за Европското првенство. Англичаните, веќе одбезбедија пласман на континенталноот првенство, во последните две рунди ќе ја пречекаат Малата во петок, а во понеделник ќе гостуваат во Македонија.

Веднаш по објавувањето на списокот за дуелите со Малта и Македонија, поради повреди отпадна Џејмс Медисон (Тотенхем), Калум Вилсон (Њукасл) и Луис Данк (Брајтон).

На нивните места Саутгејт ги повика Кол Палемр од Челси, односно фудбалерите на Манчестер сити и Астон Вила, Рико Луис и Езри Конса.

По денешниот тренинг од спискот на англискиот селектор дефинитивно отпаднаа нова ѕвезда на Реал Мадрид, Џуд Белингем и Ливај Колвил. Белингем има проблем со рамото, поради што не играше за Реал во убедливата победа над Валнесија (5:1). Англичаните пишуваа и дека од Реал побарале од селекторот да го ослободи Белингем од обврските кон националниот тим.

Инаку на репрезентацијата се уште не и се приклучиле Калвин Филипс и Маркус Рашфорд, додека по посебна програма тренирале Хари Мегваер, Конор Галагер и Трент Александер-Арнолд.

To top