Реал Мадрид дојде и до втората победа во дуелите со Басконија (101-90) и е на еден чекор од обезбедување на билет за завршниот турнир во Евролигата.
Избраниците на Чус Матео уште еднаш го одбранија домашниот терен за водство од 2-0 во серијата во која се игра до три добиени. „Кралевите“ одиграа тимски, шест играчи беа двоцифрени со тоа што како лидер беше Кампацо со 24 поени, 4 скока и 7 асистенции.
Кај Басконија која и на овој меч не можеше да смета на центарот Монеке, се издвои Маринковиќ со 20 поени.
Панатинаикос пак не дозволи ново изненадување и славеше против Макаби Тел Авив со 95:79 за израмнување на 1-1 во оваа четвртфинална серија.
„Детелинките“ најдобро се покажаа во вториот период кој го реализираа со 31-11, а го добија и завршниот со 24-19.
Слукас блескаше со 29 поени, кај поразените прв поединец беше Браун со 18 поени и 6 асистенции.