Откако стана јасно дека Оливие Жиру ќе го напушти „Сан Сиро“, Милан е во трескавична потрага по напаѓач. Последното име интересно за „росонерите“ е Серху Гираси.
Голгетерот на Штутгарт целосно го насочи вниманието кон своите игри оваа сезона. И како да не, кога постигна 27 гола на 26 натпревари во сите натпреварувања. На високо трето место е тимот на Штутгарт.
А она што е уште поубаво за раководството на Милан е тоа што Гираси има откупна клаузула. И сосема прифатлива за само 17 милиони евра.
Секако, ова привлекува и други клубови, наводно и од Премиер лигата, на кои Милан тешко може да им конкурира кога се во прашање финансиите.
Милан бара и други алтернативи, а интересен е напаѓачот, исто така од Бундеслигата, новокрунисаниот шампион Виктор Бонифас од Баер Леверкузен.