Женската тениска репрезентација на Македонија забележа најголем скок на последното рангирање на ранг листата на репрезентациите кои се натпреваруваат во Били Џин Кинг купот.
Македонија има скок од 23 места и сега се наоѓа на 49 позиција во светот што е и најдобар ранг. Покрај Македонија, и Киргистан има скок од 23 места и се наоѓа на 75 позиција.
Добрите игри и резултатите во Вилнус го донесоа овој ранг на Македонија со вкупно 373 поени.