Македонија Прилеп

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Започна седмата Академија за неврологија и неврохирургија

-ВМРО-ДПМНЕ во #Платформа1198 посебен фокус става на едукации во странство за воведување нови и најсовремени методи, нотираа во објавата.

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Започна седмата Академија за неврологија и неврохирургија

„Започнува СЕДМАТА АКАДЕМИЈА ЗА НЕВРОЛОГИЈА И НЕВРОХИРУРГИЈА во Прилеп на која одличен е одзивот кај здравствените работници. Академијата за здравство прерасна во традиција, а и денешната СЕДМА АКАДЕМИЈА ЗА НЕВРОЛОГИЈА И НЕВРОХИРУРГИЈА е на иницијатива на врвни експерти, професори и специјалисти со долгогодишно искуство, со поддршка на Централната комисија за здравство. Свое обраќање ќе има и потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски“ – стои во објавата на фејсбук профилот на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Комисијата потенцираа дека, фокус денеска ставаме на следните теми чии предавачи се професори и врвни специјалисти од областите:
– Современ и ефикасен третман на болеста Мултипла склероза како број еден причина за инвалидитет кај младата популација, минимално инвазивна хирургија на ‘рбетот техники, технологии и индикации
-Mинимално инвазивна хирургија на ‘рбетот техники, технологии и индикации
-Важност во брзината на третман на пациентите со неврохируршки супстрат за подобар невролошки outcome на пациентите
-Приказ на мозочни тумори анализирани на Институтот за патологија во период од 10 години

-ВМРО-ДПМНЕ во #Платформа1198 посебен фокус става на едукации во странство за воведување нови и најсовремени методи, нотираа во објавата.

„Се обврзуваме дека наш императив е едукација по најдобрите светски стандарди и отворање Центар за едукации на медицински кадар за најсовремени методи кои досега не се работеле во јавното здравство предводени од професори и експерти кои вовеле нови методи“, стои во објавата на Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top