Утре во Прилеп своето право на глас на претседателските избори ќе го остварат болните, изнемоштените лица и затворениците.
Во своите домови утре ќе гласаат 291 болно и изнемоштено лице, а во Домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески Платник“ ќе гласаат 68 штитеници од повеќе градови. Во прилепскиот затвор своето право на глас ќе го остварат 104 затвореници.
Во Прилеп се регистрирани 62.082 граѓани со право на глас кои в среда ќе можат да гласаат на едно од 142-те избирачки места.
Во општина Кривогаштани, утре своето право на глас ќе може да го остварат 56 болни и изнемоштени лица, каде се регистрирани 4428 избирачи кои в среда на првиот круг од претседателските избори своето право на глас ќе можат да го остварат на едно од 13-те избирачки места.