Казахстанската тенисерка Елена Рибакина го освои ВТА турнирот во Штутгарт, откако во финалето беше подобра од Украинката Марта Костјук со 2-0, по сетови 6-2 и 6-2.
Четвртиот светски рекет кај дамите без проблеми ја совлада ривалката која не пружи силен отпор и сосема заслужено се закити со деветтиот трофеј во својата кариера.
Успехот е уште поголем затоа што претходно Рибакина ја надигра во полуфиналето и првата светска тенисерка, Ига Швјонтек.