Македонија Бутел

Мисајловски: Се обврзуваме на многу работа, реформи, проекти и подобра иднина за сите луѓе!

„Граѓаните излегоа во голем број и ни дадоа поддршка за претстојните претседателски и парламентарни избори на 24ти април и 8ми мај. Разговаравме за актуелната состојба како и за проектите кои ги предвидуваме во изборната програма“, објави Владо Мисајловски.

Мисајловски: Се обврзуваме на многу работа, реформи, проекти и подобра иднина за сите луѓе!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ2, Владо Мисајловски денес е во посета на општина Бутел. Тој во објава на фејсбук потенцираше: „Иако временските услови беа лоши тоа не нѐ спречи да продолжиме, да се видиме и поразговараме со граѓаните кај „Социјалните згради“ во Општина Бутел! Граѓаните излегоа во голем број и ни дадоа поддршка за претстојните претседателски и парламентарни избори на 24ти април и 8ми мај. Разговаравме за актуелната состојба како и за проектите кои ги предвидуваме во изборната програма“.

„Во програмата предвидуваме:
– СЕКОЕ ДЕТЕ ВО ГРАДИНКА;
– УЧЕБНИК ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК;
– БЕЗБЕДНИ УЧИЛИШТА;
-ЗГОЛЕМЕН НАДОМЕСТ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА!“, стои во објавата на Владо Мисајловски.

„Се обврзуваме на многу работа, реформи, проекти и подобра иднина за сите луѓе! Македонија повторно да биде горда!“ – нотираше Мисајловски во објавата.

Најнови вести од Македонија

To top