Хрватскиот стручњак Александар Петровиќ се враќа во кошарката и тоа како селектор на репрезентацијата на Бразил.
Информацијата ја потврдија и тој и Бразилската кошаркарска федерација, а главен предизвик за Петровиќ ќе биде пласман на Олимписките игри.
Тој беше селектор на Бразил од 2017 до 2021 година и со „кариоките“ учествуваше на Светското првенство во Кина каде го освои 13. место. Бразил има исклучително талентирана млада генерација која може да направи успех на меѓународна сцена претстојниот период.