Леонардо ди Каприо, наводно, ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе, пишува магазинот Variety.
Улогата на Ава Гарднер и припаднала на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо соработуваше на филмот Don’t Look Up.
Од друга страна, Ди Каприо и Скорсезе соработувале многу пати.
Дуото Скорсезе и Ди Каприо е еден од најдобрите актерско-режисерски парови зад нив се филмовите како Gangs of New York, The Aviator, The Departed, Shutter Island и The Wolf of Wall Street.
Нивниот последен филм, Killers of the Flower Moon, беше номиниран за десет Оскари.