Македонија

Потпишан меморандум за соработка меѓу шесте синдикални организации на универзитетите

Потпишан меморандум за соработка меѓу шесте синдикални организации на универзитетите

– На Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев”(УГД)-Штип денеска беше потпишан на меморандум за соработка на шесте синдикати на универзитетите во земјава. Андон Мајхошев претседател на синдикатот на УГД-Штип рече дека цел на денешното потпишување е заедничка соработка меѓу универзитетите и остварување на нивните права кои ги заслужуваат.

– Основната цел и поентата е да соработуваме заедно, особено во делот на активностите кои престојат по конституирање на новата Влада, а тоа е потпишување на Колективен договор за вработените во јавниот сектор. Освен тоа којшто има примарна задача влегуваат и други активности кои планираме да ги остваруваме во наредниот период. Да се вмрежиме со други јавни универзитети од соседството, непосредното опкружување и пошироко во Европа. Да соработуваме на заеднички проекти заедничка едукација, планирање на заеднички активности, кои значат заштите на правата и обврските о одговорностите на вработените во јавните универзитети, изјави Мајхошев.

Ангел Ристов, претседател на Сојузот на синдикати на УКИМ-Скопје рече дека е историски момент за сите универзитети, можност да се зголемат платите за вработените, но и бројот на вработени во високо образовните институции. Потпишувањето на Меморандумот е од огромно значење за сите синдикати.

Најнови вести од Македонија

To top