Кошарка

Париз со Ти-Џеј Шортс го освои Еврокупот и се пласира во Евролигата

Париз со Ти-Џеј Шортс го освои Еврокупот и се пласира во Евролигата

Евролигата доби нов учесник и трет француски претставник – Париз дебитира наесен во најсилното клупско натпреварување во Европа.

Еврокупот му се поклони на семоќниот Ти-Џеј Шортс, кој пред една година ја освои Лигата на шампионите на ФИБА со Бон и беше МВП на натпреварувањето, а истото го повтори во второто најсилно европско клупско натпреварување со Париз.

Екипата на македонскиот репрезентативец во целост ја оправда улогата на фаворит и го надигра Бурж како гостин со 81-89.

Со тоа Париз го освои првото континентално признание по шест години постоење. Финалната серија заврши со 2-0 за парижани, кои на домашен терен славеа во вторникот, а вечерва го освоија Бурж.

To top